Специјалист за сметководство
Active
Опис на работната позиција:
- Вршење на постапки на плаќање во компанијата во согласност со процедурите на компанијата, со надзор на претпоставениот
- Комуникација со банките за сите постапки со нив (плаќања, отворање и продолжување на финансиски инструменти), со редовно известување на претпоставените за моменталните деловни услови со нив и евентуалните промени.
- Редовно порамнување на картичките со добавувачи, согласно поставените годишни цели
- Следење на движењето и исправноста на документацијата во рамките на компанијата
- Подготовка на редовни и точни извештаи во согласност со договорената динамика:
- Реализација на паричните текови (на дневна, неделна и месечна основа)
- DMS извештај за непрокнижени фактури
- Состојба на готовина на сметките (дневни) и трошоци за платниот промет (месечни)
- Конкретни извештаи по потреба и на барање на претпоставените
Услови и компетенции:
- Основни услови: ВСС
- Корпоративни компетенции: Победнички менталитет, Грижа и развој на луѓе, Иновативност, Долгорочна перспектива и Лична одговорност
- Функционални компетенции : Поседување лиценца за овластен сметководител
- Општи компетенции : Познавање на работа со Microsoft пакетот, познавање на англиски јазик
Што нудиме?
- Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
- Флексибилно работно време од понеделник до петок, со можност за почеток од 7:30 до 8:30 часот и крај на работното време од 15:30 до 16:30 часот
- Можност за работа од дома
- Исплата на минат труд и годишен регрес
- Новогодишен бонус и ваучери за пазарење
- Погодности за купување со попуст и на рати
- Финансиски надомест и слободни денови за свадба и принова
- Годишен одмор определен согласно Закон за работни односи
- Одлична работна атмосфера
- Различни мотивациски и тим билдинг активности
- Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
- Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
- Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на Балканот и на Афричкиот континент