Унапредувач на продажба Back up

Active
Job ID: 227
Sector: Prodaja
Location: Skopje
Apply for this position

Бидете дел од НЕЛТ СТ!

Бараме:

Унапредувач на продажба Back Up

Кои сме ние?

Нелт СТ е дел од Нелт Група, организациски систем со над 5.000 вработени, во 18 компании на 12 пазари во Европа и Африка.

„Нашата визија е да бидеме компанија БРОЈ ЕДЕН во примената на комплетни решенија во дистрибуцијата и логистичките услуги.”

По 28 години развој и посветеност, Нелт СТ стана синоним за успешен бизнис систем во кој работат повеќе од 300 вработени.

Наши партнери и клиенти на македонскиот пазар се: Procter&Gamble, Bambi, BIC, Jacobs, Chips way, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama's, Dr.Oetker, Duracell, SebaMed, Johnson&Johnson, Baby Food Factory.

Придружи се на тимот кој го води победнички менталитет, грижа и развој на луѓе, иновативност, лична одговорност и долгорочна перспектива.

Опис на позиција :

  • Одговорен за навремено и квалитетно извршување на работните задачи и постигнување на поставените цели.

  • Одговорен за правилна примена на DPSM стандардите, планограмите и merchandising активностите.

  • Одговорен за точноста на извештаите и навремено споделување на информации од терен.

  • Одговорен за одржување на добри деловни односи со купувачите.

  • Одговорен за правилно користење и чување на доделените средства за работа.

  • Одговорен за почитување на законските прописи, интерните процедури и Кодексот на однесување.

  • Одговорен за навремено известување за неправилности, недостатоци и OOS состојби.

  • Одговорен за доверливост и заштита на деловните информации.

  • Материјално и дисциплински одговара за штета предизвикана со несовесно работење.

Основни услови:

  • IV степен стручна спрема

  • Возачка дозвола Б категорија (активен возач)

  • Познавање на MS Office пакет (Excel, Word)

Што нудиме?

  • Работа во стабилна и успешна компанија со препознатливи брендови

  • Можност за професионален развој и градење долгорочна кариера

  • Поддршка и соработка со искусен и посветен тим

  • Работна средина која поттикнува иницијатива, учење и напредок

  • Редовни примања

  • Работно време од понеделник до петок (08:00 – 16:00 часот)

  • Можност за стекнување нови знаења и развој на професионални вештини

  • Пријатна работна атмосфера и тимски дух

  • Можност за напредување согласно постигнатите резултати

Кандидатот треба да поседува мотивација за учење, проактивен пристап и подготвеност за стекнување практични знаења во динамична и мотивирачка работна средина.

Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен и победнички тим, а сметате дека ги исполнувате условите на овој конкурс, аплицирајте на линкот најдоцна до 10.11.2026 год.

Напомена: Сите пријави ќе бидат разгледани, а само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.

Apply for this position