Бенефити
Тука бенефитите не се шаблон – туку внимателно избрани придобивки кои ти помагаат да се чувствуваш поддржано и мотивирано.
Продолжи понатаму за да ги видиш сите бенефити.
-
Годишен систематски преглед – затоа што здравјето е непроценливо!
Сите наши вработени имаат право на детален систематски преглед еднаш годишно или на две години (во зависност од позицијата). Проверете го вашето здравје без грижи и гужви, во најдобрите здравствени установи низ цела Македонија. Повеќе информации побарајте од вашиот претпоставен.
-
Приватно здравствено осигурување – без стрес, без чекање!
Грижата за здравјето ја подигнавме на повисоко ниво – овозможивме врвна медицинска поддршка за вработените, секогаш кога им е потребна. Вработените на одредени позиции (и нивните семејства!) можат да го користат приватното здравствено осигурување во текот на целата година.
-
Спортски активности – тренирај без граница!
Во здраво тело, здрав дух! Со Sportmaster членарината, сите вработени може да вежбаат по повластени цени – ние покриваме дел од трошокот, а вие ја бирате својата омилена теретана или спортски објект. Покрај тоа, компанијата покрива и термини во сали за спортски активности – ваше е само да направите тим!
-
Свежо и здраво овошје секој ден!
Секој ден во просториите на Нелт се носи свежо сезонско овошје за вработените да бидат полни со витамини и енергија преку цел ден!
-
Превоз – затоа што сакаме да стигнете на работното место лесно и без стрес!
Во зависност од позицијата, нашите вработени имаат различни поволности во однос на превозот. За теренските позиции предвидени се автомобили, како основно средство за работа, додека сите вработени на менаџерски позиции имаат службени автомобили. Покрај ова, за сите останати вработени има организиран превоз до компанијата во повеќе смени, со цел секојдневното доаѓање до работа да биде едноставно и комфорно.
-
Јубилејни награди – затоа што лојалноста се вреднува!
Во Нелт, верноста не е само збор – тоа е статус! Кога ќе наполните 10, 20 или 30 години работа, станувате Нелт Легенда! Покрај паричната награда, организираме и настан посветен на нашите легенди – затоа што вашиот придонес заслужува посебно признание!
-
Нај колега – твојата работа е препознаена и наградена!
Кои се најдобрите меѓу нас? Во Нелт секоја година гласаме за колеги кои оставиле најдобар впечаток преку соработка, поддршка и тимски дух. Оние со најмногу пофалби добиваат парични награди и јавно признание на посебен настан!
-
Награди за дополнителен ангажман – екстра труд, екстра награда!
Ангажманот во Нелт се исплати! Ако учествувате во проекти надвор од описот на вашата работа или особено се истакнете во задачите, ве очекуваат финансиски поволности – затоа што секој придонес вреди!
-
Подарок за првачиња – среќен почеток на училиште!
Првиот ден во училиште е голем момент, а ние сакаме да го направиме уште поубав! Секоја година децата на нашите вработени што тргнуваат во прво одделение добиваат комплетни пакетчиња со сè што е потребно за одличен почеток!
-
Слободен ден за родителите на првачиња – првиот училишен ден без стрес!
Првиот училиштен ден е важен и за децата и за родителите! Затоа на сите мајки и татковци на првачиња им даваме слободен ден, за да можат да бидат со своите најмили на овој значаен чекор!
-
Новогодишни пакетчиња за децата – празнична радост за најмалите!
Новата година е време за подароци! На сите вработени кои имаат деца до 10 години им доделуваме ваучер за пакетчиња – за да биде празничната магија уште поубава!
-
Поддршка за мајките – лесно враќање на работа по породилно отсуство!
Знаеме колку е важно враќањето на работа по породилно отсуство да биде постепено и со поддршка! Затоа сите мајки по враќање од породилно имаат право во првиот месец да работат 60% од работното време за 100% надомест на плата, за полесно да се прилагодат на новата рутина. Во наредните два месеци, имаат можност да изберат да работат 80% од работното време за 80% надомест на плата. Сите постоечки бенефити за време на отсуството остануваат непроменети!
-
Новогодишни ваучери – празнична магија во вашата кошница!
Новата година во Нелт носи убави подароци! На сите вработени кои не се на менаџерски позиции им доделуваме парични ваучери што можат да се искористат за пазарење во маркет – затоа што празничното пазарење треба да биде безгрижно!
-
Попусти на облека и обувки – облечете се по свој вкус!
Нашите вработени уживаат во ексклузивни попусти во продавници како што се Nike, Sport Vision, Buzz, Sport Reality. Стигнува нова колекција? Ти веќе имаш попуст!
-
Оптика и часовници – стил на дофат на рака!
Ако барате подарок или нов аксесоар, одберете од производите на Luma Watch и Оптика Окулиста – од елегантни часовници до стилски очила.
-
Сè за вашиот дом – комплетно опремување на рати
Го опремувате домот или ви е потребен некој апарат? Ние сме тука да ви помогнеме со купување на рати од Техномаркет и Елипсо.
-
Патувања – плаќај на рати за авантури и одмор!
Следната авантура те чека – планирај патувања без оптеретување на буџетот, плаќајќи на рати во туристичките агенции со кои соработуваме.
-
Автомобилски услуги – најдобра грижа за вашите возила!
Кај нашите партнери можете поволно да ги регистрирате вашите возила, да купите нови гуми или да уплатите за полагање за некоја категорија.
-
Ексклузивни попусти – сè што ви треба на едно место!
Купувајте поволно кај нашите соработници Tinex и Cosmo Tinex со можност за административна забрана.
-
Нелт настани – еден ден, илјада спомени!
Во текот на годината организираме различни интерни настани за сите вработени – новогодишни прослави и детски претстави, тимски забави, team building и спортски активности, со одлична атмосфера и многу дружење – затоа што сме тим и надвор од работа!
-
Развојни програми
Твојот развој не е случајност – туку план! Без оглед дали сега почнуваш или сакаш да ги зајакнеш своите вештини на следно ниво, нашите развојни програми се тука да те поддржат. Практични обуки, интерни и екстерни тренери, реални бизнис предизвици – сè тоа ти помага да растеш во правецот во кој посакуваш.
-
Програми за таленти
Препознаваме кога го имаш тоа “нешто“ – и не застануваме на тоа. Ако си меѓу оние кои сакаат повеќе, ние сме меѓу оние кои знаат тоа да го поддржат. Нашите програми за таленти даваат можност за забрзан развој, учење преку работа, менторство и проекти. Инвестираме во твојот потенцијал – долгорочно.
-
Стручни конференции
Отвори ја вратата на знаењето – и на светот. Редовно учествуваме на конференции во државата и во странство – како учесници, предавачи и домаќини. Таму се споделуваат идеи, се следат трендови и се учи од најдобрите. И ти си дел од тоа – затоа што знаењето има смисла само кога се споделува и се користи.
-
Интернационална кариера
Работиш локално, размислуваш глобално. Како групација присутна на два континенти, им овозможуваме на вработените да работат во мултикултурни тимови, да учат од различни бизнис контексти и да се развиваат преку меѓународни задачи, проекти или релокација. Твојата кариера овде не познава граници.
Направи го следниот чекор
Доколку ти се допаѓа нашиот начин на работа, би сакале да те запознаеме. Прегледај ги отворените позиции и најди место каде што можеш да придонесеш.