Регрутерите се грижат за искуството на секој кандидат.

Процесот на селекција може да се разликува во зависност од сениоритетот и нивото на позицијата. Исто така, може да вклучи дополнителен круг на проценка преку учество во assessment вежба.

Секоја пријава ни е важна, го цениме времето и трудот што го вложувате. Транспарентноста и навремената комуникација се најважен дел од нашиот селекциски процес. Веруваме дека секој кандидат заслужува јасни информации – затоа се трудиме по секој круг на селекција сите кандидати навремено да бидат известени за следните чекори, без разлика на исходот.

  • Person image
  • Person image
Icon decoration

Бараме добра комбинација,
не совршено CV.

Како изгледа процесот на селекција во Нелт? Едноставно, отворено и без стрес.

  • 1

    Аплицирање

    Првиот чекор кон вработување во Нелт е аплицирање на оглас преку нашата кариерна страна, каде можеш да ги видиш сите моментално отворени позиции. Со клик на саканата позиција, системот те води до директна апликација, каде што ќе ја споделиш твојата биографија и основни информации за тебе.

  • 2

    Online тестирање

    Ако твојот профил соодветствува со бараните услови за позицијата, ќе те поканиме на online тестирање (тестови на личност и мотивација) што ќе ни помогнат подобро да ги процениме твоите лични особини, како и твојот потенцијал за идните одговорности.

  • 3

    ХР интервју

    Кандидатите што ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју, најдоцна во рок од две недели. На интервјуто сакаме подобро да те запознаеме, а и ти ќе имаш можност да поставиш прашања бидејќи не те бираме само ние тебе, туку и ти нè избираш нас.

  • 4

    Техничко интервју

    Во завршната фаза ќе се запознаеш со потенцијалниот претпоставен кој ќе ти даде повеќе информации за тимот со кој би соработувал, начинот на работа кој го практикуваме, а ќе ти ги претстави и можностите за учење и кариерен развој во рамки на нашата компанија.

Како да се подготвиш за интервју?

Инвестираме во она што навистина е важно – во тебе.

Kај нас твојот развој не е „додаток“, туку дел од планот. Преку програми за раст, конференции, ментори и меѓународни можности, те поддржуваме да напредуваш – професионално и лично. Зашто кога растеш ти, расте и целата приказна.

Развојни програми

Без разлика дали само што почнуваш или сакаш да ги зајакнеш своите вештини на следното ниво, нашите развојни програми се тука да те поддржат. Практични обуки, внатрешни и надворешни тренери, реални бизнис предизвици – сето тоа ти помага да растеш во насоката што те интересира.

Програми за таленти

Нашите програми за таленти се вистинскиот избор за тебе. Преку ротации во различни оддели, работа на стратешки проекти и директно менторство со менаџмент тимот, минуваш низ искуства што те обликуваат за предизвиците што доаѓаат. Те подготвуваме за улога што носи одговорност, но и можност да оставиш трага.

Стручни конференции

Ако себеси се гледаш како иден лидер, нашите програми за таленти нудат ротации, стратешки проекти и менторство од менаџментот кои те подготвуваат за одговорни улоги и можност да оставиш трага.

Интернационална кариера

Интернационална кариера во Нелт значи работа во мултикултурни тимови, размена на знаења и искуства, но и можност за одреден период да работиш во други земји. Веруваме дека мобилноста и глобалната соработка го збогатуваат секојдневниот работен процес, ги шират хоризонтите и те подготвуваат за сите предизвици што кариерата може да ги донесе.

Често поставувани прашања

Колку трае процесот на селекција?

Обично трае меѓу 2 и 4 недели. Бројот на кандидати и типот на позицијата влијаат врз времетраењето.

Дали добивам повратна информација ако не поминам понатаму?

Да, сите кандидати добиваат повратен одговор, без оглед на тоа дали продолжуваат или не продолжуваат понатаму во процесот.

Дали можам да аплицирам на повеќе позиции истовремено?

Секако. Секоја пријава ја разгледуваме поединечно.

Дали интервјуата се online или во живо?

Првиот круг најчесто е online, додека финалните интервјуа се во живо. Регрутерот ќе ти ги даде сите потребни информации.

Подготвен си за првиот ден во Нелт?

Тука те чека твојот водич за безгрижен прв ден, каде што подготвивме краток опис на 4 чекори пред твојот прв работен ден.