Што нè спојува? Погледни одблиску.

Нашата сила лежи во три нешта: дистрибуција на најсилните брендови, паметни логистички решенија и развој на сопствени производи. Ако бараш место каде што не само што ќе работиш, туку и ќе растеш, ќе придонесуваш, ќе учиш и ќе бидеш свој – можеби си токму на вистинската адреса.

Што нè поттикнува? – Нашите вредности

Долгорочна перспектива:

Размислувај подалеку од денес – прави потези што траат!

Иновативност:

Љубопитноста е во тебе.

Победнички менталитет:

Цели високо. Испорачај повеќе.

Лична одговорност:

Преземи одговорност. Учи. Расти.

Развој на луѓето:

Растеме заедно – ти, јас, сите ние!

Ние сме дел од истиот тим.

  • Person image
    Сашко Ефремов

    Менаџер за развој на бизнис

    Во Нелт не сум само дел од компанија – туку дел од визија.

    Работата во дистрибуцијата бара ефикасност, одговорност и тимска синхронизација. Според мене она што ја издвојува Нелт како компанија е посветеноста кон луѓето.

    Благодарение на поддршката, можностите за учење и јасни вредности, секој ден е нова шанса за личен и професионален развој.

    Горд сум што сум дел од организација која верува дека успехот не се мери само во бројки, туку во луѓето кои секојдневно растат со неа.

  • Person image
    Елена Јеремиќ

    Финансиски аналитичар

    Нелт е компанија каде секој може да го покаже својот потенцијал, да учи, да се развива и да придонесе со своите идеи.

    Колегите се супер, атмосферата е динамична, никогаш не е здодевно – секој ден носи нешто ново.

    Она што најмногу ми се допаѓа е што секогаш имаш простор да научиш нешто ново, било преку работа на различни проекти, разговор со колеги или едноставно од секојдневните ситуации.

  • Person image
    Гоце Игевски

    Менаџер за операции во логистика

    За мене Нелт СТ претставува едно семејство каде меѓусебно си помагаме во секојдневното работење.

    Секој ден е различен, динамичен и исполнет со предизвици каде ако имаш колеги секој предизвик побрзо и подобро ќе се реши ако заеднички го третираме.

    Во Нелт стекнав колеги кои со текот на работењето ми станале и лични пријатели и ми се поддршка и на работа и во приватниот живот.

    Во Нелт има можност за напредок и стекнување знаење и вештини независно од образованието, бидејќи тука сме сите исти.

    Нелт претставува еден фудбалски тим кој се натпреварува во Лига на шампиони и секој од нас придонесува за победа и освојување на трофејот. Секој ден тренираме напорно и се надоградуваме со вештини за да бидеме непобедливи.

  • Person image
    Александра Вучковска

    Магационер

    Работам веќе 14 години во Нелт од кои 2 години како декларант и 12 како пикер во магацин. Ова е мое прво работно место, а се надевам и последно. Предност во компанијата е што има добра комуникација со колегите и претпоставените и има простор за понатамошно унапредување.

NELT TALKs

Запознај ја подобро Групацијата Нелт преку приказните на нашите партнери во нашиот подкаст.

Nelt Talks, season 4

Направи го следниот чекор

Доколку ти се допаѓа нашиот начин на работа, би сакале да те запознаеме. Прегледај ги отворените позиции и најди место каде што можеш да придонесеш.