Агент за продажба мулти канал
Активен
Опис на работната позиција:
- Остварување на продажните цели и унапредување на продажбата
- Соработка со сите купувачи во доделениот реон
- Shelving/merchandising – Изложување и следење на залиха на производите во соодветна категорија
- Продажба на производи во согласност со постоечките работни упатства и правила
- Развој и унапредување на иницијативите согласно претходно поставени цели и насоки
- Унапредување на вештините, примена на вештини, посветеност за подобрување на продажбата во одредена област.
Услови и компетенции:
- Основни услови: ССС или ВСС
- Корпоративни компетенции: Победнички менталитет, Грижа за луѓе, Иновативност, Долгорочна перспектива и Лична одговорност
- Функционални компетенции : Решавање на проблеми, Комуникација, Управување со луѓе, Поставување на приоритети
- Општи компетенции : Возачка дозвола Б категорија, познавање на работа со компјутер, познавање на англиски јазик
Што нудиме?
- Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
- Работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот
- Дополнителен бонус согласно остварувањето на месечните цели
- Учество во натпревари со можност за освојување на месечни награди и главна награда
- Исплата на минат труд и годишен регрес
- Новогодишен бонус и ваучери за пазарење
- Погодности за купување со попуст и на рати
- Финансиски надомест и слободни денови за свадба и принова
- Годишен одмор определен согласно Закон за работни односи
- Одлична работна атмосфера
- Различни мотивациски и тим билдинг активности
- Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
- Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
- Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на Балканот и на афричкиот континент