Планер на залихи
Активен
Опис на позицијата:
- Предвидување на продажба: Анализа на податоци и пазарни трендови за да се обезбеди прецизен план на продажба на производи во различни временски интервали;
- Одржување на оптимално ниво на залихи преку континуирано прилагодување на плановите за продажба и достапноста на производите наменети за регуларна и акциска продажба;
- Идентификување на потенцијалните ризици предизвикани од флуктуациите на побарувачката, проблеми при процесот на производство или пак промени на пазарот и разработка на предлог активности за нивно надминување;
- Изработка на План на продажба за лансирање на нови производи преку анализа на податоци од продажниот тим, анализа на пазарните трендови и анализа на историски податоци од лансирања на слични производи;
- Дневно следење на нивото на залихите и идентификување на потенцијален недостаток или вишок на количини со цел навремено преземање на корективни дејства
- Оперативно следење и ажурирање на количините за промотивни акции, креирање налози за манипулација со промо производи и проследување инструкции како со нив треба да се постапува
- Прием и реализација на Purchase Orders од страна на принципалите,
- Контрола на набавни цени
Услови и компетенции:
- Основни услови: ВСС
- Корпоративни компетенции: Победнички менталитет, Грижа за луѓе, Иновативност, Долгорочна перспектива и Лична одговорност
- Функционални компетенции : Аналитичност, Комуникација, Поставување на приоритети
- Општи компетенции : Познавање на Microsoft пакетот, Користење на Power BI алатки, познавање на англиски јазик
Што нудиме?
- Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
- Флексибилно работно време од понеделник до петок, со можност за почеток од 7:30 часот до 8:30 и крај на работно време од 15:30 до 16:30 часот
- Можност за работа од дома
- Исплата на минат труд и годишен регрес
- Новогодишен бонус и ваучери за пазарење
- Поволности за купување со попуст и на рати
- Финансиски надомест и слободни денови за свадба и принова
- Годишен одмор определен согласно Закон за работни односи
- Одлична работна атмосфера
- Различни мотивациски и тим билдинг активности
- Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
- Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
- Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на Балканот и на Афричкиот континент
Кандидатот е потребно да поседува подготвеност и страст за предизвици со кои ќе се соочи во првите 6 месеци бидејќи компанијата нуди динамична и мотивирачка средина!